Достапни линкови

Унапредување на положбата на малцинствата


Преземање на мерки за ефикасно решавање на подреденоста на припадниците на националните малцинства, како и етаблирање на независен механизам за следење на однесувањето на полицијата. Ова се само дел од препораките за заштита на правата на малцинствата.

Преземање на мерки за ефикасно решавање на подреденоста на припадниците на националните малцинства, како и етаблирање на независен механизам за следење на однесувањето на полицијата. Ова се само дел од препораките за заштита на правата на малцинствата кои произлегоа од регионална конференција на оваа тема во организација на Европската унија и Советот на Европа.
Во оваа земја ситуацијата не е полоша во споредба со другите земји во регионот, впрочем има и многу покомплексни случаи. Нашиот метод за справување со застојот на ова поле подразбира да ги собереме заедно сите инволвирани страни. Тоа се владата и други претставници на надлежните институции, како и луѓето кои работат на случајот на терен, што значи граѓанското општество.

Имаме проблем во регионот, вели супервизорот на проектот Маркус Јегер.

„Земјите во регионот имаат усвоено меѓународни инструменти со што се заложија за подобрување на состојбата на малцинствата. Обврските се преземени. Нашите тела за мониторинг ја проверија состојбата на терен и констатираа дека работите не се одвиваат како што треба. Тоа постојано го утврдуваат.“

Ситуацијата во Македонија на некој начин е и покомплексна, вели Јегер.
При креирање на стратешкиот план и акционите програми на Агенцијата, секогаш ги земаме предвид и овие препораки и бараме креативни решенија за предизвиците со кои се соочуваме.

„Во оваа земја ситуацијата не е полоша во споредба со другите земји во регионот, впрочем има и многу покомплексни случаи. Нашиот метод за справување со застојот на ова поле подразбира да ги собереме заедно сите инволвирани страни. Тоа се владата и други претставници на надлежните институции, како и луѓето кои работат на случајот на терен, што значи граѓанското општество.“

Советот на Европа минатата година на состанокот одржан во Стразбур донесе резолуција во која се забележува дека македонските власти имаат отворен пристап во комуникацијата со претставниците на националните малцинства. Од друга страна, во документот се забележува дека во односите меѓу етничките заедници во Македонија има поларизираност и поделби по етнички линии, бидејќи главните национални заедници водат живот без некои позначајни односи меѓу нив.

Што се прави за подобрување на состојбата? Важна ни е регионалната соработка а ги следиме препораките и извештаите, рече Весна Бабиќ Петровски, директорката на Агенцијата за малцински права.

„При креирање на стратешкиот план и акционите програми на Агенцијата, секогаш ги земаме предвид и овие препораки и бараме креативни решенија за предизвиците со кои се соочуваме.“

Европската комисија лани излезе со забелешки и за однесувањето на полицијата кон малцинските заедници, посебно кон Ромите, како и малите средства кои се издвојуваат за заштита на културата на Власите и Србите, со што сериозно се компромитира зачувувањето на нивната култура и јазик.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG