Достапни линкови

Американско оружје за сириските бунтовници?


Американскиот сенатски комитет за надворешни односи изгласа испраќање оружје за сириските бунтовници. Според легислативата, оружје ќе им биде испраќано на „проверени“ умерени членови на сириската опозиција. Законот сега треба да биде разгледан од Сенатот, каде што се сè погласни повиците за зголемување на помошта за бунтовниците. Претседателот Барак Обама досега поддржуваше испраќање хуманитарна помош, но искажуваше загриженост дека испраќањето оружје за бунтовниците може да заврши кај исламистичките милитанти. Сириските владини сили, заедно со борците од либанската организација Хезболах, поддржани од воздушни напади, ја засилија офанзивата врз бунтовниците и ги протераа од еден град во близина на либанската граница со што се засилија стравувањата од проширување на конфликтот во регионот.
XS
SM
MD
LG