Достапни линкови

Околу 600 авганистански преведувачи се селат во Велика Британија


Илустрација.

Илустрација.

На околу 600 преведувачи кои работеа за британските сили во Авганистан ќе им биде дозволено да живеат во Велика Британија. Според неименувани владини претставници, на авганистанските преведувачи кои работеле на првата борбена линија повеќе од една година на почеток ќе им биде понудена петгодишна виза.

Премиерот Дејвид Камерон се противеше на барањата да им се дозволи на преведувачите и на нивните семејства да се доселат во Британија, но се повлече од таа одлука по кампањата во јавноста. Преведувачите велат дека ако се вратат во Авганистан се соочуваат со напади од талибанците и другите бунтовнички организации поради тоа што работеле за странските сили.

Велика Британија треба да повлече 3.800 од своите 9.000 војници од Авганистан оваа година. Повлекувањето треба да заврши до крајот на наредната година.
XS
SM
MD
LG