Достапни линкови

logo-print

Привршува потрагата по преживеани во Оклахома


Спасувачките тимови ја привршуваат потрагата по мртви и преживеани под урнатините по силното торнадо што ја погоди американската држава Оклахома. Торнадото што дуваше со брзина од 320 километри на час однесе 24 животи. Меѓу загинатите има и девет деца. Околу 200 луѓе се однесени во болница. Торнадото уништи стотици куќи во Мур, предградие на Оклахома Сити, вклучувајќи и едно училиште каде што загинаа 7 од деветте деца. Претседателот Барак Обама вети федерална помош за поддршка на жртвите.
XS
SM
MD
LG