Достапни линкови

Иран: Рафсанџани не може да се кандидира за претседател


Поранешниот ирански претседател Акбар Хашеми Рафсанџани.

Поранешниот ирански претседател Акбар Хашеми Рафсанџани.

На поранешниот ирански претседател Акбар Хашеми Рафсанџани и на близок сојузник на актуелниот претседател Махмуд Ахмадинеџад, од страна на Советот на чувари им било забрането да се кандидира на претседателските избори што треба да се одржат наредниот месец. Не беше дадено никакво објаснување зошто не им се дозволува на Рафсанџани и на Есфандиар Рахим Машаи да се кандидираат на изборите, ниту од Советот на чувари на револуцијата, што има право да стави вето на кандидатурите, ниту од Министерството за внатрешни работи.

Само на осуммина од 686 потенцијални кандидати им беше одобрено да учествуваат во претседателската трка на 14 јуни.

За претседателското место меѓу другите ќе се борат главниот преговарач за нуклеарната програма Саид Џалили и поранешниот министер за надворешни работи Али Акбар Велајати. По забраната за умерениот Рафсанџани и Машаи кој беше поддржан од претседателот Ахмадинеџад, поголемиот број од кандидатите се дел од тврдото конзервативно крило, лојално на врховниот лидер, ајатолахот Али Хамнеи.

По двата мандати на функцијата, Ахмадинеџад нема право повторно да се кандидира.

САД ја критикуваше одлуката на Иран да ги забрани кандидатурите. Портпаролот на Стејт департментот Патрик Вентрел ги повика властите во Техеран да им дозволат на граѓаните слободно да гласаат. Тој рече дека Советот на чуварите ги одобрувал кандидатурите само врз основа на тоа дали ќе ги застапуваат интересите на режимот, а не на иранскиот народ.
XS
SM
MD
LG