Достапни линкови

logo-print

МКГ - Беспилотните летала нема да ги уништат терористите во Пакистан


Илустрација.

Илустрација.

Малку е веројатно дека нападите со беспилотни летала во племенските области во северозападен Пакистан ќе ги елиминираат исламистичките екстремистички мрежи, покажува новата студија на Меѓународната кризна група. Американските напади со беспилотни летала може да ја нарушат способноста на исламистичките милитанти за извршување напади, но не можат да ја уништат нивната мрежа, покажува студијата. Во извештајот „Беспилотни летала: Митови и реалност во Пакистан“ се наведува дека проширувањето на пакистанските закони и уставната заштита може да помогнат во окончување на бунтот на талибанците. Се наведува дека девет години од почетокот на нападите со беспилотни летала, тајноста околу кампањата водена од ЦИА „ги поткопува напорите за оценување на законитоста на програмата“ и нејзиното целосно влијание врз населението во племенските области. Извештајот се објавува на два дена пред најавеното обраќање на претседателот Обама на тема – антитерористички политики.
XS
SM
MD
LG