Достапни линкови

Крвава недела во Ирак


Најмалку 20 луѓе загинаа, а многумина се повредени во вчерашните напади ширум Ирак. Во најкрвавиот напад, во експлозија на автомобил-бомба во близина на една сунитска џамија во Багдад загинаа 11 луѓе, а 21 беа ранети. До овие напади доаѓа еден ден по насилствата врз шиитите во кои загинаа 70 луѓе. Во насилствата меѓу шиитите и сунитите минатата недела загинаа скоро 300 луѓе. Портпаролот на Белата куќа Џеј Карни изјави дека американската администрација е „многу загрижена поради фреквентноста и природата на неодамнешните напади“. Тој рече дека американските претставници во Багдад и во Вашингтон се во контакт со ирачките лидери да се заложат за смирување и надминување на тековните насилства.
XS
SM
MD
LG