Достапни линкови

Убиен познат кавкаски терорист


Доку Умаров, лидер на исламистичките бунтовници на Кавказот.

Доку Умаров, лидер на исламистичките бунтовници на Кавказот.

Руските власти соопштија дека го убиле Џамалеил Муталијев, соработник на еден од најбараните исламистички бунтовници Доку Умаров. Муталијев бил убиен во престрелка со безбедносните сили во Ингушетија. Умаров е лидер на Кавкаскиот Емират, организација што се бори за формирање исламска држава на Кавказот на југот на Русија. Организацијата ја презеде одговорноста за терористичките напади на аеродромот во Москва во 2011 и во московското метро во 2010 година. Русија во 2012 соопшти дека безбедносните сили го убиле Муталијев, но подоцна беше соопштено дека телото на убиениот било погрешно идентификувано.
XS
SM
MD
LG