Достапни линкови

logo-print

Хјуман Рајтс Воч-зголемена бројката на затворенички во Авганистан


Хјуман Рајтс Воч соопшти дека бројката на авганистански жени и девојки кои биле затворени под обвинение за морални злосторства се зголемила за 50 отсто во последните 18 месеци. Во извештајот е наведено дека зголемената бројка укажува на тоа дека авганистанските власти можеби повеќе не чуствуваат потреба да ги поддржуваат женските права додека меѓународните сили се подготвуваат да се повлечат од земјата. Според организацијата, околу 600 жени се затворени во Авганистан, од кои повеќето од нив се жртви на сексуален напад или семејно насилство.
XS
SM
MD
LG