Достапни линкови

Јанкулоска на министерска конференција во Словенија


Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска учествува на Конференцијата на министрите за внатрешни работи од земјите членки на ЕУ и земјите кандидати за членство во рамки на „Брдо процесот“, што се одржува од денеска во градот Блед во Словенија. Јанкулоска утре ќе се обрати на сесијата на министерската конференција посветена на визната либерализација.
Јанкулоска денеска ќе се сретне со домаќинот на министерската конференција, нејзиниот словенечки колега, Грегор Вирант, а потоа со министерот за внатрешни работи на Косово Бајрам Реџепи.
XS
SM
MD
LG