Достапни линкови

Грузија-уапсени поранешниот премиер и министер за здравство


Поранешниот грузиски премиер Иване Мерабишвили и поранешниот министер за здравство Зураб Чиаберашвили биле упасени под обвинение за проневера на јавни фондови. Министерството за внатрешни работи соопшти дека тие биле повикани во канцеларијата на обвинителот во градот Кутаиси, каде биле испрашани за злоупотреба на парите наменети за справување со невработеноста.
Судот треба да донесе одлука дали тие ќе останат во притвор или ќе бидат ослободени со кауција. Обвинетите се блиски соработници на претседателот Михаил Сакашвили и се членови на неговата партија.
XS
SM
MD
LG