Достапни линкови

Ештон очекува договор меѓу Тачи и Дачиќ


Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетри Ештон и српскиот и косовскиот премиер Ивица Дачиќ и Хашим Тачи

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетри Ештон и српскиот и косовскиот премиер Ивица Дачиќ и Хашим Тачи

Примената на спогодбата за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина е од клучно значење, а договорот за сите натамошни чекори е она што Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон сака да биде исходот од денешните разговори на српскиот и косовскиот премиер Ивица Дачиќ и Хашим Тачи во Брисел.
Тоа на новинарите им го пренесе портпаролката на Ештон, Маја Коцијанчич и изјави дека Ештон денеска најпрвин ќе се сретне оделно со Дачиќ и Тачи, а потоа ќе следи заедничка вечера. Според неа, средбата можеби ќе трае долго, бидејќи целта е да се постигне јасен договор за примената на спогодбата.
XS
SM
MD
LG