Достапни линкови

Уапсен осомничен за нападот на опозициски протест во Украина


Протестот на новинарите во Киев

Протестот на новинарите во Киев

Украинското министерство за внатрешни работи соопшти дека го уапсиле осомничениот за физички напад на двајца новинари на протестите во Киев. Според нив, осомничениот Вадим Титушко ќе биде обвинет за хулиганизам. Во саботата група на мажи нападнаа опозициски активисти за време на собирот „Разбуди се Украина“.
Неколку активисти беа повредени, меѓу кои и двајцата новинари Олха Снистсарчук и Вадим Содел. Десетици новинари протестираа вчера во Киев за напаѓачите да бидат пронајдени и казнети.
XS
SM
MD
LG