Достапни линкови

Случајот со убиената новинарка Политковскаја, повторно пред суд


Случајот со убиството на руската новинарка Ана Политковскаја од 2006-та година, повторно ќе биде отворен пред суд. Портпарол на Рускиот истражен комитет изјави денеска дека 4 лица од северно кавказкиот регион се обвинети за убиство и за нелегално поседување оружје. Тројца од нив веќе беа прогласени за виновни во 2009-та година, но судењето ќе биде обновено. Политковскаја беше убиена пред нејзиниот стан во Москва, а беше позната по пишувањето за кршењето на човековите права во Чеченија.
XS
SM
MD
LG