Достапни линкови

Северна Кореја ги ослободи кинеските морнари


Кина соопшти дека Северна Кореја ги ослободила 16-те морнари, кои беа заробени со нивниот брод пред две недели. Имено, неидентификувани северно-корејци го заробиле бродот и барале откуп од околу 100 илјади долари. Вчера Кина соопшти дека дипломати преговарале со Северно-корејски претставници за овој инцидент. Пекинг, и покрај несогласувањето со северно-корејската нуклеарна програма, е еден од главните сојузници на Пјонг Јанг.
XS
SM
MD
LG