Достапни линкови

Разурнувачко торнадо во Оклахома, над 90 загинати


Повеќе од 90 луѓе загинаа а многумина се повредени и исчезнати во огромното торнадо со брзина на ветерот до 320 километри на час, што ја погоди централната американска држава Оклахома, предизвикувајќи масивни разорувања. Торнадото, чија широчина достигнала и до еден километар, вчера го погоди Мур, предградие на Оклахома Сити. Цели блокови со куќи и згради се претворени во урнатини, додека многу автомобили и камиони се искршени и исфрлени од патиштата.
Медицинскиот центар во Оклахома соопшти дека загинале најмалку 51 лице, меѓу кои и 20-ина деца.
Американскиот претседател Барак Обама прогласи голема катастрофа во регионот и нареди федералните власти да помогнат во напорите за обнова.
XS
SM
MD
LG