Достапни линкови

logo-print

Ештон повторно домаќин на Дачиќ и Тачи


Во кабинетот на шефот на европската дипломатија Кетрин Ештон во Брисел денеска ќе се сретнат премиерите на Србија и на Косово Ивица Дачиќ и Хашим Тачи за да разговараат за примената на спогодбата што беше парафирана во минатиот месец. Очекуваме дијалог за конкретните чекори кои треба да се преземат за спогодбата што поскоро да се примени, изјави Маја Коцијанчич, портпарол на високата претставнничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност. Примената на спогодбата е од клучна важност за продолжување на процесот на нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, истакна Коцијанчич и потсети дека тоа е важно и заради условот што Европскиот совет и го постави на Србија за годинава да почнат преговорите за приклучување кон ЕУ.

Два состанока на ниво на работни групи посветени на примената на спогодбата што беа оддржани во меѓувреме минаа без договор за имплементација, иако шефот на белградскиот експертски тим, Дејан Павичевиќ, изјави дека во текот на разговорите минатиот петок дошло до приближување на ставовите во врска со енергетиката и телекомуникациите.
Европската комисија во април му препорача на Советот да ги отвори преговорите со Србија, но конечната одлука ќе ја донесат шефовите на држави и влади на земјите членки на ЕУ на 28 јуни во Брисел, и тоа врз основа на оценката за напредокот во спроведувањето на спогодбата.
XS
SM
MD
LG