Достапни линкови

logo-print

Иран: објавување на листата кандидати за претседателските избори


Надгледувачите на иранските избори се очекува да ја претстават листата на кандидати на кои ќе им биде дозволено да се натпреваруваат на претседателските избори. Неизбраниот Совет на чувари денеска ќе ја достави листата до министерството за внатрешни работи, кое потоа има два дена за да ја обелодени. Откако списокот ќе биде објавен, кандидатите ќе можат да ја почнат кампањата за изборите што ќе бидат одржани на 14 јуни.
Портпаролот на Советот вчера изјави дека на физички слабите кандидати нема да им биде дозволено учество на изборите. Некои аналитичари сметаат дека тоа е навестување за дисквалификација на поранешниот претседател Акбар Хашеми Рафсанџани, кој има 78 години.
Претходно овој Совет ги исфрли од игра жените што сакаа да го наследат претседателот Махмуд Ахмадинеџад, кој по два мандата ја напушта функцијата.
XS
SM
MD
LG