Достапни линкови

Ирачкиот премиер ќе ја менува безбедносната стратегија


Ирачкиот премиер Нури ал-Малики изјави дека ќе ја промени безбедносната стратегија на неговата земја. Говорејќи по вчерашниот бран од напади во кои загинаа многу луѓе, Малики истакна дека владата размислува за промени во врвните и средните позиции на оние кои се одговорни за безбедноста, како и на безбедносната стратегија. Тој порача дека екстремистите нема да успеат да ја вратат земјата во меѓусекташки конфликт, кој во изминатите години однесе илјадници жртви.
Во вчерашните бомбашки напади во Ирак загинаа повеќе од 70 лица.
XS
SM
MD
LG