Достапни линкови

logo-print

Обама се сретна со претседателот на Мјанмар


Американскиот претседател Барак Обама изјави дека неговиот колега од Мјанмар Теин Сеин ветил оти ќе бидат ослободени повеќе политички затвореници и ќе бидат институционализирани демократските реформи во оваа земја во југоисточна Азија. Обама се сретна со Сеин вчера во Белата куќа, што е протолкувано како гест на американска поддршка за чекорите на Мјанмар кон демократија по повеќе децении репресивен воен режим. Ова е прва посета на лидер на оваа земја на САД по 47 години. Обама истакна дека на средбата ја нагласил американската загиженост во врска со насилствата против муслиманското малцинство во Мјанмар.
Теин Сеин изјави дека неговата земја се соочува со предизвици во спроведувањето на реформите, но вети оти ќе ги продолжи чекорите во реформска насока.
Некои про-демократски активисти ја критикуваат посетата, тврдејќи дека реформите во Мјанмар останале незавршени.
XS
SM
MD
LG