Достапни линкови

Почина Реј Манзарек, легендата на The Doors


Реј Манзарек, клавијатуристот и еден од основачите на легендарната рок група The Doors, почина вчера на 74-годишна возраст во болницата во германскиот град Розенхајм, во присуство на членови на семејството. Манзарек боледуваше од рак на жолчниот канал.
Пејачот Џим Морисон и Манзарек ги формираа The Doors во 1965 година по состанок на плажата Венеција во Лос Анџелес. Клавијатурите на Манзарек станаа славни во класиките на групата како "Break On Through to the Other Side" и "Light My Fire". Групата беше една од најуспешните рок проекти што беа лансирани во 60-те години на минатиот век.
Морисон поина во 1971 година на 27-годишна возраст, но групата продолжи да добива многу слушатели. The Doors беа примени во Рок`н рол Салата на славните.
XS
SM
MD
LG