Достапни линкови

Македонија во жолта, алертна фаза со високи температури


Поголем дел од територијата на Македонија денеска ќе биде зафатен со температури кои ја дефинираат жолтата, односно алертна фаза, освен два региона (од вкупно шест) - пелагонискиот и охридско-преспанскиот, каде што температурите се пониски и се во зелена фаза, согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотни бранови, соопшти Министерството за здравство врз основа на најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи.
Деновите со повисоки температури, како што се наведува, се очекува да траат до утре, а веќе од четврток се очекува намалување на температурите во цела држава.
Од Министерството за здравство ги потсетуваат граѓаните да ги почитуваат општите препораки за населението во однос на заштита од директна сончева изложеност, како што се избегнување подолг престој на отворено во периодот од 11 до 16 часот, носење лесна и светла облека, консумација на лесна храна и течности, хигиена на раце и хигиенски начин на подготовка на храната, како и редовно земање на терапијата кај хронично болните лица.
XS
SM
MD
LG