Достапни линкови

Русија-неизвесен опстанокот на независна изборна комисија


Единствената руска независна изборна агенција соопшти дека можеби ќе прекине со работа поради тоа што обвинителството ги окарактеризирало нивните истражувања како политичка активност. Центарот Левада добил писмо од обвинителството во кое е наведено дека објавувањето на анкети на политички партии и рејтигот на нивните лидери претставува политичка активност, бидејќи на тој начин се формира јавното мислење. Според центарот, предупредувањето го става под знак прашалник нивното постоење, бидејќи не се регистрирани како странски агент, како што налага законот.
XS
SM
MD
LG