Достапни линкови

Прво ревизија, а потоа за одговорноста


Кои се правните и политичките последици доколку ревизијата покаже дека имало нерегуларности во проектот Скопје 2014?

Полесно е да се реши работата кога некој треба да понесе кривична одговорност, но во земја како Македонија, политичката одговорност се чини како да е апстрактна категорија. Ова сумарно би бил одговорот на експертите со кои разговаравме на тема, какви правни и политички последици би имало или би требало да има доколку ревизијата на проектот Скопје 2014 што ја почна општина Центар покаже дека имало нерегуларности. Дополнително, треба да се има предвид дека Скопје 2014 не е само на Општина Центар, туку и на Министерството за култура на на владината служба за општи и заеднички работи, со што станува тешко да се лоцира политичката одговорност само на едно место.
Може да има и политичка одговорност и лична одговорност, сега не сакам да прејудицирам ништо во тој поглед. Имаме институции задолжени за тоа, ако се утврдат некои несоодветни постапувања ќе се известат институциите и тие ќе си преземат мерки.

Поранешните претседатели на Државната комисија за спречување на корупцијата, Драган Малиновски и Слаѓана Тасева, ја сочинуваат Комисијата што треба да ја спроведе ревизијата. Градоначалникот на Центар Андреј Жерновски, најавувајќи го почетокот на ревизијата, рече дека Комисијата треба да покаже дали имало нерегуларности во проектот Скопје 2014 во делот за општина Центар, но не рече ништо за тоа што ќе се случува потоа.

Еден од членовите на Комисијата Драган Малиновски вели дека нивна работа е само да ја утврдат фактичката состојба.
Ако се утврдат одредени нерегуларности има постапки коишто треба да завршат со конкретна одговорност. Одговорноста може да биде и политичка, а за одредени девијации кои во своето битие имаат елементи на конкретни кривични дела или прекршоци, секако дека ќе биде во надлежност на органите за прогон.

„Може да има и политичка одговорност и лична одговорност, сега не сакам да прејудицирам ништо во тој поглед. Имаме институции задолжени за тоа, ако се утврдат некои несоодветни постапувања ќе се известат институциите и тие ќе си преземат мерки“, вели Малиновски.

Универзитетскиот професор Осман Кадриу вели дека ако се утврдат нерегуларности, има органи кои треба да преземат постапки.

„Ако се утврдат одредени нерегуларности има постапки коишто треба да завршат со конкретна одговорност. Одговорноста може да биде и политичка, а за одредени девијации кои во своето битие имаат елементи на конкретни кривични дела или прекршоци, секако дека ќе биде во надлежност на органите за прогон како што се Министерството за внатрешни работи, обвинителството и судството“, вели Кадриу.

Преземањето на политичка одговорност дополнително ја усложнува фактот што поранешниот градоначалник на Центар Владимир Тодоровиќ ги изгуби локалните избори и веќе не е на таа функција. Политичките импликации од евентуалните неправилности во Скопје 2014 може да биде нивното влијание врз јавното мислење во контекст на намерата на новата општинска администрација за спроведување референдум за дислоцирање на одредени споменици од центарот на Скопје.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG