Достапни линкови

logo-print

Недовршените животи на сараевските Ромео и Јулија


Бошко и Адмира станаа познати во светот како сараевски Ромео и Јулија откако на 19 мај пред дваесет години беа убиени на еден мост во тогаш опседнатиот босански главен град. Со два снајперски истрела.

Дваесетичетири годишниот србин Бошко Бркиќ веднаш почина од снајперскиот истрел. Неговата дваесетипетгодишна девојка, муслиманката Адмира Исмиќ која беше фатално ранета доползе до Бошко и по десетина минути почина.

Еве што тогаш изјави еден сведок на овој потресен настан.
Сараево 1993.

Сараево 1993.


„Девојката мафташе со торбата. Тие трчаа и се држеа за раце. Изгледаше како да танцуваа. Одеднаш слушнав истрели. Тие паднаа на земја.“

Телата останаа на ничија земја во опколеното Сараево скоро четири дена пред српските сили да испратат муслимански затвореници за да ги соберат.

Двете страни меѓусебно се обвинуваа дека го прекршиле примирјето за време на кое двајцата заљубени сакале да побегнат од опсадата. Никогаш не е утврдено кој бил виновен за нивната смрт.
Се вмеша војната во љубовта. Тоа е тој проблем. Во такви ситуации законите на љубовта не постојат. Постојат само законите на војната.

Приказната го сврте светот откако неа ја испрати дописникот на Ројтерс Курт Шорк. За милиони луѓе љубовта на модерните Ромео и Јулија прекината од омразата која ги опкружувала, им ја откри трагедијата на неразумното уништување во Сараево.

Дваесет години подоцна групата „Забрането пушење“ ја опеа трагедијата.

„Ова е симболична приказна, која е актуелна и денес. По толку години мир се уште бараме љубов и слобода во нашата земја. Во оваа приказна најдов многу работи кои се исти и денес и кои ни се случуваат сега“, вели лидерот на групата Давор Суќиќ.

Таткото на Адмира, Зијо Исмиќ се уште се бори со силите кои тогаш минуваа низ Сараево.

„Се вмеша војната во љубовта. Тоа е тој проблем. Во такви ситуации законите на љубовта не постојат. Постојат само законите на војната.“

Мајката на Бошко, Рада Бркиќ го напушти Сараево и никогаш не се врати таму, бидејќи, како што изјави, не може да се соочи со градот каде што Бошко и Адмира живеаа и се сакаа.

„Не мислам многу за човекот кој ги уби. Но ако некогаш го видам само ќе го прашам: Зошто го стори тоа? Ништо повеќе.“

Бошко и Адмира се погребани во Сараево, заедно со илјадниците жртви на опсадата на градот.

Новинарот Шрок, кој ја пренесе приказната, е убиен на новинарска задача во Сиера Леоне во 2000 година. Половина од неговата пепел е погребена во гробот на Бошко и Адмира.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG