Достапни линкови

Инцидент со балони во Турција, едно лице загина


Едно лице загинало, а 16 биле ранети во денешниот инцидент со балони во Кападокија, во централна Турција. Инцидентот се случил кога балон со околу 20 лица во него, меѓу кои и пилоти, се судрил со друг балон, кој летал над него. Сударот се случил на околу 300 метри височина. Во инцидентот еден од балоните загубил рамнотежа и паднал во комплекс со хотели. Еден од туристите загинал, а 16 се ранети и сместени во болница.
XS
SM
MD
LG