Достапни линкови

Самоубиствен бомбашки напад во Авганистан


Авганистанската полиција соопшти дека над десет луѓе биле убиени, меѓу нив и еден висок локален политичар, во денешниот самоубиствен бомбашки напад во авганистанската провинција Баглан. Се прецизира дека напаѓачот го активирал експлозивот што го носел со себе пред влезот на општинската зграда во градот Пул Кумри. Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот.
XS
SM
MD
LG