Достапни линкови

Хезболах му се придружи на сирискиот режим


Хезболах им се придружи на сириските трупи во битката против бунтовниците под чија контрола е градот Кузаир.Владините сили и борците на Хезболах се обидуваат да ја преземат контролата во Кузаир во кој главно се населени суни мулсимани и се наоѓа во близина на Либанската граница. Владините сили го бомбардирале градот со артилерија и воени авиони. Про опозициската сириска организација за човекови права соопшти дека најмалку 52 лица се убиени.
Во меѓувреме Израел ниту ги потврди ниту ги демантира извештаите дека стои зад воздушниот напад во близина на Дамаск пред две недели за да го блокира трансферот на иранско оружје за Хезболах.
XS
SM
MD
LG