Достапни линкови

Тунис -Еден убиен во судири меѓу безбедносните сили и исламистите


Едно лице загинало во судирите меѓу туниските безбедносни сили и подржувачите на тврдокорната исламистичка група Ансар ал Схариа .Агенциите јавија дека загинатиот бил припадник на групата која промовира ултра конзервативна верзија на исламот. Министерството за внатрешни работи соопшти дека 11 припадници на безбедносните сили и тројца демонстранти се повредени. Насилството се случи откако безбедносните сили ја блокираа Ансар ал Схариа да го одржи својот годишен конгрес во Кајруан. Исламистите ги зголемија нивите активности во Тунис од 2011 година. Амбасадата на САД беше нападната во Тунис минатата година.
XS
SM
MD
LG