Достапни линкови

Уапсен сопственикот на леарницата Јеремиќ


Сопственикот на српската леарница „Јеремиќ“ Миодраг Јеремиќ е меѓу осуммината уапсени во вчерашната полициска акција за случајот „Галеника“. Српскиот весник Политика јави дека осомничените во 2009 и 2010 година со набавката на суровини за фармацевтската компанија, со купување и продажба на споменици и лекови ја оштетиле „Галеника“ за 12 милиони евра. Според Политика, „Галеника“, без да ја почитува процедурата, купила од Јеремиќ 12 споменици, чија цена ја надминувала реалната вредност и до 20 пати. Сопственикот на леарницата и неговите соработници заработиле 70 милиони динари, а „Галеника“ била оштетена за 200 милиони динари.
XS
SM
MD
LG