Достапни линкови

ОН загрижени за Северна Кореја


Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун изрази загриженост за лансирањето на ракети со краток дострел на Северна Кореја. Тој го повика Пјонгјанг да се воздржи од натамошни лансирања и да ги обнови нуклеарните преговори со светските сили. Во интервју за руската агнеција РИА Новости Бан Ки Мун го нарече лансирањето на три ракети со краток дострел од источниот брег на Северна Кореја провокативна акција. Тој додаде дека се надева оти Русија ќе ги искористи своите контакти да ги намали тензиите во дијалогот со Северна Кореја.
XS
SM
MD
LG