Достапни линкови

Екологистите против сечењето на трската во Охрид


Kаналот Билјанини Извори во Охридско езеро.
Kаналот Билјанини Извори во Охридско езеро.

Со сечење на трската во Охрид се проширува влезот на каналот Билјанини Извори за да се отвори простор за поголемите пловни објекти, велат од Капетанијата Охрид. Но на сечењето на трската реагираат екологистите од Охрид.

Со сечење на трската во Охрид се проширува влезот на каналот Билјанини Извори за да се отвори простор за поголемите пловни објекти. Каналот се проширува за 30 метри, а сечењето на трската се врши врз база на претходно одобрение на Министерството за животна средина, рече Горан Устијаноски, капетан во Капетанија Охрид.
Трската се прошири и го затвори влезот на каналот бидејќи во изминатиот период беше намалена активноста на воените бродови и затоа време трската го затвори влезот.
Горан Устијаноски, капетан во Капетанија Охрид.

Поради ширењето на потегот на трска изминатите години се појавија потешкотии при влезот и излезот на поголемите пловни објекти од и во каналот, а сега и на бродот на АРМ кој неодамна беше пуштен во употреба.

„Врз база на одобрение кое го имаме од Министерство за животна средина ширината на влезот од каналот ќе ја прошириме за 20-30 метри поради неконтролираното дивеење на трската. Трската се прошири и го затвори влезот на каналот бидејќи во изминатиот период беше намалена активноста на воените бродови и затоа време трската го затвори влезот“, рече Горан Устијаноски.

Но на сечењето на трската реагираат екологистите од Охрид. Ванчо Стојаноски, екологист, вели дена сечењето на трската е бесмислено бидејќи трската преставува природно мрестилиште на многу животински видови меѓу кои и на охридскиот крап.
Трската преставува природен филтер на водата и плус на тоа место има и жив свет. Не само за рибите туку и за патките. Јас сум запрепастен бидејќи одиме до бескрај.
Ванчо Стојаноски, екологист.

„Потребни се 7-8 метри, зошто толку да се сечи, има и сега за влез. Трската преставува природен филтер на водата и плус на тоа место има и жив свет. Не само за рибите туку и за патките. Јас сум запрепастен бидејќи одиме до бескрај. Ова е нон сенс. Ниеден екологист со ова нема да се сложи. Единствено катче на Охридското езеро е кое треба да се заштити. Прашање е веќе дали овде се уште се мрести крапот“, вели Стојаноски.

Трската може да се санира до своите природни изворни граници. Внатре во изворните граници не треба да се интервенира смета Дејан Пановски од Билатералниот комитет за заштита на Охридското езеро.

Ѓоко Зороски од Еколошкото друштво Грашница од Охрид вели дека тие се против уништување на трската и други вредности кои ги поседува езерото.

„Среќна околност е можеби што трската има голем природен прираст и таа брзо се обновува, но веруваме дека дозволата што инвеститорот ја добил за да сече трска е оправдана. Меѓутоа ние сметаме дека за било каква интервенција која доколку е од повратен карактер треба да се применат компезаторски мерки. При вакви интервенции треба да сме претпазливи, 30 метри не е мала површина“, вели Зороски.
XS
SM
MD
LG