Достапни линкови

Неделен печат - ЕУ, СДСМ и невработеноста


Власта го игнорира јуни, препораките за бриселскиот напредок отидоа со пролетните води, пишува Глобус, Република се осврнува на СДСМ, а Капитал анализира за тоа како да се елиминира невработеноста.

Пролетниот извештај на Европската комисија за Македонија беше и помина, сега се чека јуни и самитот на ЕУ да се види дали земјава конечно ќе добие датум за почеток на преговори за членство.
Тешко ни е со Бранко, уште потешко без него. На две недели пред долгоочекуваниот партиски конгрес, во СДСМ се води рововска битка во која не се избираат средства за заземање на посакуваната лидерска позиција.
Република.

Глобус –Власта го игнорира јуни

Но, „Власта го игнорира јуни, препораките за бриселскиот напредок отидоа со пролетните води“, овој наслов Глобус го вади како поента од една од дебатите организирана од Македонскиот центар за европско образование во Скопје, токму во врска со пролетниот извештај за Македонија.

Расчистувањето на настаните од 24 декември е основен услов за напредок во евроинтегративниот процес. На Владата не ѝ се брза, таа размислува за нови парламентарни избори, е мислење искажано во дебатата и покрај тоа што има повеќе работи што треба да се средат, а тоа никако не се прави: слободата на медиумите, особено новиот предлог-закон со кој уште повеќе ќе се влошат
Ни требаат 967 нови фабрики во индустријата кои ќе отворат по 100 нови работни места. Според пресметките на Европската комисија, секое ново работно место во индустријата придонесува да се вработат уште двајца во друг сектор во економијата. Така, Македонија би добила 0% невработеност.
Капитал.
состојбите на тој план, формирањето на комисија за 24 декември, а до јуни не може да се реши ниту спорот за името.

Плус, индициите дека Бугарија ќе биде нашиот следен кочничар во евроинтеграциите, се дел од факторите што ќе бидат главна причина Македонија и во јуни да не го добие датумот, според мислењето на учесниците во дебатата што ги пренесува Глобус.

Република – И по Бранко – Бранко?

Република, пак, за СДСМ: „Тешко ни е со Бранко, уште потешко без него“, е насловен текстот со главен наслов: „И по Бранко - Бранко?!“ Магазинот, имено тврди дека на две недели пред долгоочекуваниот партиски конгрес, во СДСМ се води рововска битка во која не се избираат средства за заземање на посакуваната лидерска позиција. Но сите досегашни одгласи од партијата водат кон едно: за новиот „капо ди тути капи“, или шеф на сите шефови, како што пишува Република, ќе решава еден шеф, Црвенковски, смета неделникот.

Капитал - Како да се елиминира невработеноста?

Капитал анализира: „Како да се елиминира невработеноста?“ Па пресметал дека ни требаат 967 нови фабрики во индустријата кои ќе отворат по 100 нови работни места. Според пресметките на Европската комисија, секое ново работно место во индустријата придонесува да се вработат уште двајца во друг сектор во економијата. Така, Македонија би добила 0% невработеност. Но таква невработеност, всушност, немаат ниту Германија или Швајцарија, но и отворањето на толку многу фабрики во Македонија е научна фантастика, забележува Капитал.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG