Достапни линкови

Дачиќ- Што поскоро да се имплементира договорот


Претседателот на Владата на Србија Ивица Дачиќ изјави дека е важно договорот меѓу Белград и Приштина за нормализација на односите што поскоро да се имплементира за да може Германија да стигне да ја објави процедурата во Бундестагот. Дачиќ ова го кажа пред новинарите во пресрет на утрешната посета на министерот за надворешни работи на Германија Гидо Вестервеле на Србија.
Тој рече дека доколку до следнаат недела се направи план з а имплементација на договорот, таа процедура би влегла во Бундестагот. Тогаш претставниците на владеачката коалиција повторно би дошле во Белград и неколку дена пред седницата на Советот на ЕУ би требало да одлучат дали ќе го подржат добивањето датум,рече Дачиќ. Тој рече дека добивање датум оваа година не може да се очекува коколку тоа не се случи сега во јуни.
XS
SM
MD
LG