Достапни линкови

Жерновски: Почнува со работа комисијата за ревизија на „Скопје 2014“



Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски најави дека од денеска почнува со работа комисијата која во рок од 90 дена треба да ги соопшти прелиминарните резултати од ревизијата за проектот „Скопје 2014“.Членови на Комисијата се Слаѓана Тасева и Драган Малиновски. За шест месеци се очекува да биде готов и комплетниот извештај за направената ревизија.
Kако што информира Жерновски на денешната прес-конференција, во понеделник ќе биде повикан и Државниот завод за ревизија да направи контрола на проектот во делот на општината, а ќе биде ангажирана и реномирана ревизорска куќа.
XS
SM
MD
LG