Достапни линкови

Бран од насилства го погоди Ирак


Во серија напади во Ирак загинаа осум лица. Вооружено лице го убило целото семејство на полицаец кој работел во единицата за анти тероризам во Багдад .Аднан Ибрахим, неговата жена и двете деца се убиени во напад во нивниот дом.Во друг напад во Басра од вооружени лице бил убиен суни клерикот Асад Насар додека излегувал од дома.Други две лица се убиени во судир со ирачките безбедносни сили. До насилствата доаѓа откако војниците се обиделе да го приведат Мохамед Кхамис Абу Рисха кој се бара поради поврзаност со убиство на пет војници.
XS
SM
MD
LG