Достапни линкови

logo-print

Вечерва финале на Евровизија во родниот крај на АББА


Вчерва во Малме,Шведска со почеток во 21 часот почнува евровизиското финале. Со свои песни ќе се претстават 26 земји учеснички.Шоуто треба да биде отворено со песна напишана од Бени Андерсон и Бјоерн Улвеус, кои се познати како текстописци на најпознатата поп музичка група АББА. АББА победи на Евровизија во 1974 и изгради една од најуспешните кариери во поп музиката. Годинава меѓу фаворитите се споменува Емили Де Форест од Данска. Евровизија е едно од најпопуларните шоуа во светот. Минатата година домаќин на Евровизија беше Азербејџан. Минатогодишната победничка Лорин, во Баку и ја донесе петтата победа на Шведска.
XS
SM
MD
LG