Достапни линкови

Земјотрес со сила од 6,1 во близина на Фукушима


Земјотрес со магнитуда од 6,1 степен е регистриран денеска на североисточниот брег на Јапонија во близина на претходно оштетената нуклеарна централа Фукушима. Не е упатено предупредување за цунами и за сега нема известувања за предизвикани штети.Јапонската метролошка станица јави дека потресот се почувствувал на источниот брег на Хонсу, главниот остров во Јапонија.
XS
SM
MD
LG