Достапни линкови

Франција го потпиша законот за истополни бракови


Францускиот претседател Франсоа Оланд го потпиша законот со кој на хомосексуалците им се дозволува да основаат брачна заедница и да усвојат деца. Со овој чекор Франција стана осма земја во Европа и 14 та во светот каде геј браковите се легални . Противниците на овој закон одржуваа масовни протести, но Уставниот суд ја отфрли желбата од десничарската опозиција , што беше последната препрека за усвојување на законот. Уставниот суд оцени дека истополовите бракови не се во спротивност со уставните принципи. Анти геј протести во меѓувреме се одржаа во Грузија во главниот град Тбилиси и во рускиот град Сан Петерсбург. Во Тбилиси 28 лица се полесно повредени во судирите .До овие демонстрациите доаѓа додека ОН го одбележуваа меѓународниот дека против Хомофобијата.
XS
SM
MD
LG