Достапни линкови

САД ја критикуваат руската испорака на ракети за Сирија


Главниот американски воен офицер ја обвини Русија дека му пружила на режимот на сирискиот претседател Башар Ал Асад анти- бродовски ракети, изјавувајќи дека оружјето ќе предизвика само влошување на војната во Сирија.Генералот Мартин Демпси рече дека тоа е несреќна одлука на Москва која ќе го охрабри сирискиот режим и ќе го пролонгира страдањето на сирискиот народ. Неговиот коментар доаѓа откако американските медиуми обајвија дека Русија неодамна испорачала материјали за сирискиот анти -бродски ракетен систем. Зборувајќи на истата пресс конференција Секретарот за одбрана Чек Хајгел ја повика Русија повторно да го разгледа снабдувањето воена помош на сирискиот режим оценувајќи дека Русија и Сад имаат интерес да ја превенираат војната на Блискиот исток.
XS
SM
MD
LG