Достапни линкови

Над 75 жртви во експлозиите во Ирак


Ir

Над 75 лица загинале во серијата експлозии пред сунитските џамии во Ирак, јавуваат агенциите. Ова се коментира како еден од најкрвавите денови во Ирак во последните месеци и предизвикува загриженост од секташка војна.Експлозиите се случија во градот Бакуба, по петочната молитва. Во четвртокот и во средата , во бран бомбашки напади против шиити во Ирак, загинаа 40 луѓе. Сунитските муслимани во Ирак не се задоволни од владеењето на шиитите, кои доминираат во Владата. До крвопролевањата доаѓа откако Обединетите нации објавија дека април бил најсмрттоносен месец во Ирак во последните пет години ,со над 700 убиени луѓе.
XS
SM
MD
LG