Достапни линкови

logo-print

Моќта и улогата на граѓанските асоцијации никој не ја потценува, па обидот на власта преку различни директни или индиректни методи да го контролира нивното работење, не е непознато и кај нас.

Здруженијата на слободни граѓани за кои години наназад пишувале големите мислители, а кои се всушност главен дел на граѓанското општество се невладините организации. И не ретко токму таквите активни и слободоумни луѓе за власта стануваат непријатели број еден. Кога власта ќе заболи од параноја, жртви на таа болест секогаш се обичните и недолжни луѓе, напиша неодамна руски новинар, обидувајќи се да ја разоткрие масовната контрола и прогон на невладините организации во путиновата Русија.
На пример ние сега имаме задолжително обврска да треба да се пререгистрираме и и како резултат на таа пререгистрација која божем требаше да биде бесплатна, а всушност се плаќаше, централниот регистер ни наплати на сите и тоа дебело ни наплати, значи тоа е прво. Второ, со новиот закон ние имаме обврска нашите финансиски извештаи да ги испраќаме во Влада, верувале или не, значи ние мораме да ја информираме владата што работиме и апсурдноста на законот е таква што дури владата треба да ни ги одобри.

Моќта и улогата на граѓанските асоцијации никој не ја потценува, па обидот на власта преку различни директни или индиректни методи да го контролира нивното работење, не е непознато и кај нас. Но, не секој од активистите во невладиниот сектор смета дека власта се меша во нивната работа. Кога во 2009 година Собранието го донесе законот за невладините организации, претседателката на Македонскиот центар за европско образование, Лидија Димова го искина. Пред очите на целата јавност сакаше да покаже дека истиот е директен обид на власта да го контролира работењето на невладиниот сектор во земјава.
Лидија Димова претседател на невладината организација Македонски Центар за европско образование

Лидија Димова претседател на невладината организација Македонски Центар за европско образование


Ова го зборувам од досегашно искуство и од искуството во Коалицијата Сега која повеќе од 10 години работи и функционира на цела Македонија, не сме имале никакви притисоци од властите кои би имале цел да променат некое наше делување.
„На пример ние сега имаме задолжително обврска да треба да се пререгистрираме и и како резултат на таа пререгистрација која божем требаше да биде бесплатна, а всушност се плаќаше, централниот регистер ни наплати на сите и тоа дебело ни наплати, значи тоа е прво. Второ, со новиот закон ние имаме обврска нашите финансиски извештаи да ги испраќаме во Влада, верувале или не, значи ние мораме да ја информираме владата што работиме и апсурдноста на законот е таква што дури владата треба да ни ги одобри“, вели Димова.

Токму во таа 2009 година во земјава постоеја околу 12.000 невладини организации, а последните статистички податоци заборуваат дека денес има 3.500, иако само дел од нив активно работат. Наспроти Димова, директорот на невладината коалиција „Сега“ Зоран Илиоски смета дека власта и на централно и на локално ниво, не сака и нема намера да влијае на политиките на граѓанскиот сектор.
Зоран Илиоски, извршен директор на Коалицијата на младинските организации СЕГА.

Зоран Илиоски, извршен директор на Коалицијата на младинските организации СЕГА.


„Ова го зборувам од досегашно искуство и од искуството во Коалицијата Сега која повеќе од 10 години работи и функционира на цела Македонија, не сме имале никакви притисоци од властите кои би имале цел да променат некое наше делување.“

Власта ги создава невладините организации, ќе рече Џабир Дерала од невладината Цивил.

Во последниот период имаме тренд на создавање на невладини организации, преку кои власта ги канализира своите потреби од граѓанскиот сектор.
На тој начин се обидуваат да го намалат нивниот рејтинг, односно да ја намалат кредибилноста на нивните изјави и ставови. Понатаму се разбира постојат и многу други начини кои се посуптилни или помалку видливи во јавноста, а кои се однесуваат на притисоци од најразличен вид, почнувајќи од оние административни притисоци или попречувања, завршувајќи со тужби и посериозни притисоци коишто на невладините организации им го оневозможуваат или пак го успоруваат нивното делување.

„Ги канализира своите потреби од граѓански сектор, токму според свои паравладини организации кои се разбира се само еден обичен сервис за власта, односно владата, тоа е неграѓанско и недемократско однесување.“

Постојат повеќе методи преку кои власта врши влијание во работата на граѓанските организации. Најчесто тоа го прави преку дискредитација на граѓанскиот сектор преку своите медиуми, вели Дерала.
Џабир Дерала, претседател на невладината организација Цивил држи прес-конференција во Скопје.

Џабир Дерала, претседател на невладината организација Цивил држи прес-конференција во Скопје.


„На тој начин се обидуваат да го намалат нивниот рејтинг, односно да ја намалат кредибилноста на нивните изјави и ставови. Понатаму се разбира постојат и многу други начини кои се посуптилни или помалку видливи во јавноста, а кои се однесуваат на притисоци од најразличен вид, почнувајќи од оние административни притисоци или попречувања, завршувајќи со тужби и посериозни притисоци коишто на невладините организации им го оневозможуваат или пак го успоруваат нивното делување.“

И невладините организации и власта и граѓаните воопшто треба да разберат дека граѓанскиот сектор треба да е коректор на владините политики. Прашање е дали и колку власта тоа го разбира, вели Мухамед Точи од организацијата Месечина. Во изминатите петнаесеттина години невладините организации не ја играат до крај својата улога, вели Точи и објаснува зошто.
Инструментализирани самонаречени невладини организации или политичари, ниту имаат, ниту ќе имаат мандат личните фрустрации да ги лечат со уривање.

„Едното е заради страв од власта, друго е заради несојузништво со медиумите и третото е ставете наводници во делот на условување, знаете светската криза ги погодува и граѓанските и невладините организации.“
Положување цвеќе пред споменикот на бранителите во Скопје.

Положување цвеќе пред споменикот на бранителите во Скопје.


Активисти во невладиниот сектор посочуваат дека власта ги дели невладините организации на подобни и неподобни. Неодамна и министерката за внатрешни работи изјави дека постојат самонаречени невладини организации кои се инструмент во рацете на одредени политички структури.

„Инструментализирани самонаречени невладини организации или политичари, ниту имаат, ниту ќе имаат мандат личните фрустрации да ги лечат со уривање.“
Многу често се случува нашите обраќања кои се засноваат врз основа на претставки од граѓани доставени до Хелсиншкиот комитет, да не добиеме соодветен одговор, да не се постапи по нашите барања или укажувања, притоа нашите изјави, нашите критики во функционирањето на одредени институции не наоѓаат на одѕив, не ноаѓаат дури на реакција од страна на владата.

Изјавите на власта дека невладиниот сектор е многу важен и неопходен за демократијата на една земја се само декларативни, вели Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет. Според неа проблемот не е дали властите дозволуваат самостојно да работат невладините организации, туку дали тоа го овозможуваат. Поопасни опструкции од директните притисоци врз работата на невладините од страна на власта се оние суптилните како што ги нарекува Пировска, а такви се на пример игнорантскиот однос на владата кон забелешките, укажувањата и препораките на невладините организации.
Уранија Пировска, извршен директор на Хелсиншкиот комитет на Македонија.

Уранија Пировска, извршен директор на Хелсиншкиот комитет на Македонија.


„Многу често се случува нашите обраќања кои се засноваат врз основа на претставки од граѓани доставени до Хелсиншкиот комитет, да не добиеме соодветен одговор, да не се постапи по нашите барања или укажувања, притоа нашите изјави, нашите критики во функционирањето на одредени институции не наоѓаат на одѕив, не ноаѓаат дури на реакција од страна на владата.“
Едното е заради страв од власта, друго е заради несојузништво со медиумите и третото е ставете наводници во делот на условување, знаете светската криза ги погодува и граѓанските и невладините организации.

Димова тврди дека Владата ги контролира и парите од европските фондови. Ваквите обвинувања ги темели врз основа на искуството на невладината организација која ја предводи. До 2006 година 60 проценти од парите кои ги добивал Центарот за европско образование биле генерирани, односно вклучени во речиси сите проекти од КАРДС програмата. Ако се направи споредба на КАРДС со ИПА програмата, истата таа организација била вклучена во само една обука.
рес-конференција на Владата на Република Македонија.

рес-конференција на Владата на Република Македонија.


„Првата гранд шема која беше излезена уште во 2010 и таа беше сомнителна гранд шема затоа што со години ги одбираа евалуаторите, потоа европската комисија двапати ги суспендираше резултатите бидејќи не им се допаѓаа, е сега до ден денеска ние добивме известување да пратиме документи и дека сме на резервна листа и до ден денеска немаме одговор што се случува, проектите веќе една година се спроведуваат. Без тие нас да не известат, ние не можеме
Ќе потсетам тука на иницијативните на АМАН, Плоштад Слобода, кои иако не го постигнаа посакуваниот ефект, сепак го артикулираа гласот на граѓаните кои немаат храброст поодлучно да застанат зад таквите иницијативи. Да напоменам дека тие невладини организации кои се продолжена организација на власта, не се препознатливи како такви, туку како пропартиски и не го претставуваат секторот.
постапката да ја користиме, за да се пожалиме, за да прашаме зошто.“

Познат е методот на власта да ја доведе во прашање егзистенцијата на неподобните невладини со тоа што ќе им го ограничи пристапот до потребните средства за реализација на одредени проекти. Зоран Илиоски од коалицијата Сега вели дека постои простор за подобрување на критериумите тогаш кога власта доделува средства за спроведување на одредени програми.

„Значи постојат проекти во кои одредени политички миленици или невладини организации кои се миленици на одредена политичка структура, се поддржуваат и тоа може да го видиме во повеќе општини во Македонија, но сепак битно е дали она за кое невладините организации се залагаат, дали нивната кауза за која работат е поддржана од друга страна и од локалните власти“, вели Илиоски.

Примери кои покажуваат директно мешање на власта во работата на невладините организации има и во нашето соседство. За тоа зборува и бугарското искуство на формирање невладини организации од страна на бугарската Влада и доделување на грантови само на нив. Ние, вели Точи не сме далеку од бугарското сценарио.
Ќе се зголеми по мое мислење и бројот на новоформираните невладините кои иако на почетокот ќе имаат некоја невладина намена, активност, меѓутоа крајната цел ќе им биде сепак политичка, значи некое политичко делување, движење за промена на состојбите.

„Да почнува и тоа во Македонија, почнато е можеби пред 2-3 години. Но ова веќе е до свеста на самата власт, ако самата власт ова не го прекине ќе се соочи со проблемот. Тоа ти е како бумеранг, проблемот повторно ќе му се врати на власта.“

Црната листа на невладини организации во земјава е реалност, вели Џабир Дерала. Тој посочува личен пример преку кој центрите на моќ се обидуваат да ги онеспособат или успорат во работата невладините организации кои ги сметаат за непријателски.

„Секако дека ни се скратени низа административни чекори на спроведување на самите проекти, најнов пример за тоа е предолгото чекање на Цивил за едно одобрение, или согласност од министерството за образование, јас се надевам дека тоа што побргу ќе се исправи, меѓутоа ваквото
Нема невладина, од кај земаат пари, од каде ако се невладина.
однесување навистина покажува дека постојат подобни и неподони организации. Тоа е недозволиво.“

Како и сите општествени сфери, политизацијата го опфати и граѓанскиот сектор. Иако признава дека овој сектор не може да биде имун на партизацијата, долгогодишниот активист во невладиниот сектор Љулзим Хазири е уверен дека граѓанскиот сектор се уште го крева гласот на разумот и делува како динамичен и зрел фактор.

„Ќе потсетам тука на иницијативните на АМАН, Плоштад Слобода, кои иако не го постигнаа посакуваниот ефект, сепак го артикулираа гласот на граѓаните кои немаат храброст поодлучно да застанат зад таквите иницијативи. Да напоменам дека тие невладини организации кои се продолжена организација на власта, не се препознатливи како такви, туку како пропартиски и не го претставуваат секторот.“

Но, независно од условите во кои функционираат и работат невладините организации во земјава, нашите соговорници не ја оспоруваат нивната моќ да променат одредени состојби во општеството.

„Невладиниот сектор треба и мора да продолжи со своите заложби и да се труди да ја наметне својата улога во општеството“, вели Пировска од Хелсиншкиот комитет.

Ако како власт не сме во состојба да ги менуваме работите, тогаш состојбите ќе не менуваат нас, потсетува на правилото кое важи во политиката, професорот Осман Кадриу. Тој очекува бројот на невладините организации во иднина да се зголемува.

„Ќе се зголеми по мое мислење и бројот на новоформираните невладините кои иако на почетокот ќе имаат некоја невладина намена, активност, меѓутоа крајната цел ќе им биде сепак политичка, значи некое политичко делување, движење за промена на состојбите.“

Потенцијалот на граѓанските организации во земјава е огромен. Иако вели Димова, за моќта и улогата на невладините повеќе се свесни оние од надвор, отколку тие дома.

„Среќа за сега се уште го имаме Брисел, што ќе се случи после јуни не знам, но за сега се уште го имаме Брисел, како еден вид на маша.“

Примери за позитивната улога и ефекти од работата на невладините организации постојат, вели Точи. Еден од нив е последниот закон за спречување и заштита од дискриминацијата донесен со иницијатива на граѓанскиот сектор.

„Ова за нас како невладини организации го одговара и прашањето која е улогата и дали невладините организации имаат моќ за некаква промена.“

Според Илиоски пак досегашната пракса покажала дека граѓанскиот сектор нема капацитет за да решавање на важни општествени проблеми и менување на состојбите.

„И од друга страна тука постојат повеќе влијанија од надворешната страна и недоверба, сметајќи дека невладиниот сектор не е доволно компетентен за да направи одредена промена.“

За тоа дека невладините треба да работат на зголемување на довербата на граѓаните во нив, зборува и следната анкета со случајни минувачи.

„Не верувам, досега не се покажале нешто дека можат.“

„Нема невладина, од кај земаат пари, од каде ако се невладина.“

„Перат пари преку други луѓе, преку партии, преку парламент, пратеници, поврзани се.“

Упатените се согласуваат дека граѓанскиот сектор мора да ја зајакне довербата на граѓаните во овој сектор и да ја засили подготвеноста да работи на теми кои се однесуваат на долгорочниот развој на земјата, да бидат подостојни, поискрени и подоследни до граѓаните, чиви интреси велат дека ги штитат. Иако потенцијалот на невладиниот сектор е присутен, недостасува волјата и подготвеноста на голем број невладини организации да делуваат и тогаш кога немаат финансиска подлога за тоа. Тоа пак од друга страна може да придонесе кон пасивизација не само на граѓанскиот сектор, туку и на општеството во целина.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG