Достапни линкови

Повредени на собир во Тбилиси за правата на ЛГТБ


Дваесетина луѓе биле повредени во насилствата што избувнаа во грузискиот главен град Тбилиси пред денешниот старт на одбележувањето на денешниот Меѓународен ден против хомофобијата. Илјадници антигеј активисти ги нападнале активистите по што морала да интервенира и грузиската полиција. Вчера владиката на Грузиската православна црква Илија Втори побара од властите да го забранат собирот, бидејќи со тоа се навредувала грузиската традиција.
XS
SM
MD
LG