Достапни линкови

logo-print

Сирија главна тема на средбата меѓу Бан Ки Мун и Лавров


шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров

шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун денеска во Сочи се сретна со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров. На средбата, како што соопшти Бан Ки Мун, се разговарало за решавањето на конфликтот во Сирија, особено за предложеното одржување меѓународна конференција за кризата. Лавров од своја страна ја повтори руската поддршка комисија на Обединетите нации да ги исстражи обвинувањата дека во Сирија се користело хемиско оружје. Бан Ки Мун треба да се сретне и со рускиот претседател Владимир Путин.
XS
SM
MD
LG