Достапни линкови

logo-print

Иран ја поддржува Турција за курдското прашање


Саид Џалили

Саид Џалили

Иран ги поддржува напорите на Турција за решавање на курдското прашање, изјави секретарот на Советот за национална безбедност на Иран Саид Џалили на прес конференција во Истанбул. „Сметаме дека безбедноста на Турција треба да биде како безбедноста на Иран“, истакна Џалили, кој е главен ирански преговарач за нуклеарната програма на Техеран. Во меѓувреме, регионалната Влада на Ирачки Курдистан соопшти дека е против официјалниот став на централната ирачка Влада за повлекувањето на борците на ПКК на територијата на Ирак. Багдад вчера соопшти дека е вознемирена од префрлањето на бунтовниците од ПКК во Ирак, бидејќи со тоа се нарушува суверенитетот и безбедноста на земјата.
XS
SM
MD
LG