Достапни линкови

Во ЕУ расте нетолеранцијата спрема ЛГТБ групата


Европската унија соопшти дека сексуалните малцинства се соочуваат со зголемена нетолеранција и насилство во земјите членки на Унијата. Агенцијата на ЕУ за основните права денеска во Виена соопшти дека во анкетата во која биле вклучени над 93 илјади припадници на ЛГТБ заедницата во Европската унија и во Хрватска, 47 насто изјавиле дека биле дискриминирани и малтретирани во изминативе 12 месеци. Холандија има најмала стапка на дискриминација, 30 насто, додека најголема стапка, односно 60 насто била забележана во Хрватска, Романија и Литванија.
XS
SM
MD
LG