Достапни линкови

Македонија не се пласираше во финалето на Евровизија


Есма и Лозано кои ја претставуваат Македонија на годинешното издание на Евровизија, не се пласираа во финалето на Евросонг во Малме, Шведска.
Песните за хомосексуалните бракови и грчката должничка криза се меѓу пласираните во финалниот натпревар кој ќе се одржи утревечер. Дваесет и шестте земји кои ќе се натпреваруваат во финалето се Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Белгија, Данска, Естонија, Финска, Франција, Грузија, Германија, Грција, Унгарија, Исланд, Ирска, Италија, Литванија, Малта, Молдавија, Норвешка, Романија, Русија Шпанија, Шведска, Холандија, Украина и Велика Британија.
XS
SM
MD
LG