Достапни линкови

Самарас во потрага по кинески инвестиции


Грчкиот премиер Антонис Самарас

Грчкиот премиер Антонис Самарас

Грчкиот премиер Антонис Самарас престојува во Кина во потрага по инвестиции и трговска размена кои би помогнале за заживување на економијата во неговата земја. Самарас оствари средба со кинескиот премиер Ли Кекијан пришто беа потпишани договори во областа на сообраќајот и телекомуникациите. Кинеската државна агенција информираше дека Ли за време на состанокот изјавил дека Пекинг се надева оти двете земји може да ја удвојат трговската размена. Самарас патува со десетици бизнисмени и неколку министри во обид да ги привлечат кинеските купувачи.
Кина е втора најголема економија во светот и владата очекува нејзините компании да инвестираат преку 500 милјарди долари во странство во наредните неколку години.
XS
SM
MD
LG