Достапни линкови

logo-print

Обама: Сексуалните напади во војската ја загрозуваат безбедностa


Американскиот претседател Барак Обама изјави дека серијата сексуални напади во војската ја загрозува националната безбедност на Америка и дека проблемот мора да биде решен. Тој рече дека силата на американската армија лежи во довербата и оти прашањето на сексуални напади во американските вооружени сили ја поткопува таа доверба. Коментарите на Обама следат откако претходно оваа недела се прошири информацијата дека еден војник кој работел во програмата за превенција од силување бил обвинет за принудување на подредена личност на проституција. Инцидентот е последниот во серијата случаи наведени во неодамнешниот извештај на Пентагон кој покажува дека дури најверојатно 26.000 воени членови биле сексуално нападнати минатата година.
XS
SM
MD
LG