Достапни линкови

Кроација ерлајнс не ги прифати барањата на синдикатот


Управата на Кроација ерлајнс не може да ги прифати неостварливите барања на Синдикатот на кабинскиот персонал на авионите и Хрватскиот синдикат на прометни пилоти,поради што и денеска компанијата и патниците ќе се соочат со индустриска акција. Иако управата на оваа авиокомпанија понуди максимални отстапки, а синдикатот барал и помалку одрекувања од предвидените, синдикатите не ја прифатија понудата на работодавецот околу условите во колективниот договор. Управата соопштува дека меѓународните и домашните летови ќе се извршуваат со изменет ред на летање, а се очекува и делумно пореметување на авиосообраќајот бидејќи дел од патниците ќе се превезуваат со авиони на Кроација Ерлајнс, а дел со авионите на партнерските авиокомпании.
Во изминатите три дена Кроација Ерлајнс претрпе финансиска загуба од 3 милиони куни.
XS
SM
MD
LG